Предолго ги искористуваме и уништуваме екосистемите на нашата планета. На секои три секунди, светот губи доволно шума за да покрие фудбалски терени и во текот на минатиот век ние уништивме половина од нашите мочуришта. Дури 50 % од нашите корални гребени се веќе изгубени и до 50% од коралните гребени може да се изгубат до 2050 година, дури и ако глобалното затоплување е ограничено на зголемување од 1.5 °C.

Губењето на екосистемите како шумите и тресетските територии, го лиши светот од можностите за впивање на јаглеродот и тоа во време кога човештвото може најмалку да си го дозволи тоа. Глобалните емисии на стакленички гасови растат три последователни години и планетата е едно темпо за потенцијални катастрофални климатски промени.

Појавата на COVID-19, покажа колку можат да погубни бидат последиците од загубата на екосистемите. Со намалување на областите на природното живеалиште на животните, создадовме идеални услови за ширење на патогени микроорганизми – вклучувајќи ги и коронавирусите.

Со оваа голема и предизвикувачка слика, Светскиот ден на животната средина е фокусиран на возобновување на екосистемот и неговата тема е “Reimagine. Recreate.Restore.”

Реставрацијата на екосистемот значи спречување, запирање и враќање на оваа штета – да се премине од експлоатација на природата до нејзино заздравување. Со овој светски ден на животната средина ќе ја започне Декадата на ООН за обновување на екосистемот (2021-2030), глобална мисија за заживување на милијарди хектари, од шуми до земјоделски површини, од врвовите на планините до длабочините на морињата.

Само со здрави екосистеми можеме да ја подобриме егзистенцијата на луѓето, да се спротивставиме на климатските промени и да запреме колапсот на биодиверзитетот.

Извор: https://www.un.org/en/observances/environment-day