Светскиот ден на животната средина е основан во 1972 година од Обединетите Нации на Стокхолмската конференција за животна околина (5-16 јуни 1972 година), како резултат на се погласните дискусии за интеграција на човечките интеракции и животната средина. Две години подоцна, на 5 јуни 1974 година се одржа првото одбележување на Светскиот ден на животната средина со тема „Само една земја“. И покрај тоа што прославата на Светскиот ден на животната средина се одржува секоја година од 1974 година, во 1987 година започна идејата за ротирање на центарот на овие активности преку избор на различни земји домаќини.Домаќин на Светскиот ден на животната средина за оваа 2021 година е Пакистан, а темата е “Реставрација на екосистемите”. Ова се дел од темите и домаќините на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина. 

2016

Нула толеранција за илегалната трговија со диви животни

Луанда, Ангола

2017

Поврзување на луѓето со природата – во градовите и на земјата, од половите до екваторот

Отава, Канада

2018

Битка со загадувањето од пластиката

Њу Делхи, Индија

2019

Битка со загадувањето на воздухот

Кина

2020

Време за природата

Колумбија

2021

Реставрација на екосистемите

Пакистан