Програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството, преку Заедничката земјоделска политика која изнесува 387 милијарди евра за седум годишен период е одобрена од Европскиот парламент. Од оваа сума, дури 270 милијарди евра ќе бидат обезбедени како директна помош за европските земјоделци. Средствата за трошење на ЕУ ќе стапат на сила во 2023 година, а Франција останува главната земја-корисник.

Со реформата се предвидува исплата на бонуси на земјоделците кои учествуваат во поеколошки активности, користат поеколошки техники или придонесуваат за подобрување на состојбата на животните.