Започнуваат да се реализираат настани како еден вид проекти, кои треба да покажат како би можел да се организира животот после корана-пандемијата. Така после повеќе од една година синоќа во Ливерпул се собраа 3.000 луѓе на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3.000 љубители на забавата утре ќе се забавуваат на истата локација. Со овој проект, се истражува потенцијалното пренесување на корона вирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР тест.

Негативен тест на корана вирусот бил доволен за влез на вечерната забава, на која не биле потребни ниту маски, ниту одржување дистанца. Луѓето се прегрнувале и танцувале едни до други, како во „добрите стари времиња“.

Луѓето се поттикнати да танцуваат, да се испотат, да уживаат, односно да се однесуваат како да е се нормално. На некои тоа им беше сосема нереално и чудно што никој не носи маска, изјави еден учесник на забавата за Скај Њуз.