Ursus arctos – Кафеава мечка

Кафеавата мечка е вид сештојаден цицач од фамилијата Ursidae, Тежи помеѓу 100 и 700 kg и спаѓа во групата на најголеми земјени карнивори. Кафеавите мечки имаат густо крзно со варијации на кремасто, кафеаво и црно и комбинации од овие бои. Над рамениците имаат голема грпка составена од мускул по која се разликуваат од останатите видови. Канџите на кафеавата мечка се долку до 15 cm кои не се повлекуваат и мечките ги користат најмногу за копањеОвој вид најмногу се храни со храна од растително потекло, корења и габи. Рибите им се главен извор на месо, но јадат и помали цицачи.

Животното во Македонија најзастапено е претежно во планинските области од западниот, централниот и јужниот дел на земјата, а повремено се јавува и во источните краишта. Во Националниот Парк Галичица кафеавата мечка живее во дабовите и буковите шуми. Површината на територијата на која активно се движи ја надминува територијата на Националниот Парк Галичица. И покрај овој факт, долгорочниот мониторинг има потенцијал да обезбеди релативно добри податоци за бројот на единки од кафеавата мечка кои повремено или постојано ја користат територијата на НПГ, како и трендовите на овој параметар.

Кафеавата мечка е индикативен (показен) вид за ефикасноста на превземените мерки за заштита на пошироки простори, оттаму, таа е прифатена како амбрела вид. Кафеавата мечка е заштитена со Европскиот документ „Директива за живеалишта II/IV “ како и со „Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна CITES Convention, 1973 (II) ”.

Извор: http://galicica.org.mk/gallery/ursus-arctos-kafeava-mehcka/?fbclid=IwAR1crDREtVbUh_5yO6GRG_1dNs9vDdQ9-EUMY6YhsIOA8L3g19Pij64P-mw