Туристите можат да го отежнат секојдневниот живот на локалното население во градовите низ целиот свет. Некои туристи ги вандализираат старите споменици, како еден патник кој го изгравирал своето име на најголемиот амфитеатар – Колосеум во Рим, Италија.

Градовите често добиваат прилив на туристи за време на сезона, понекогаш далеку повеќе од сопственото население. Но, сепак не е изненадувачки што локалното население често се разочарува од туристите кои го посетуваат својот роден крај.

Некои градови наидоа на толку многу проблеми со туристите што вoведоа и планови со лимит за тоа колку луѓе можат да го посетат градот на ден. Локалните жители во другите градови дури и одржаа протести против туризмот во нивните родни места.

Ова се 10-те туристички дестинации во светот кои се уништени од туризмот:

Венеција, Италија

Голем број на туристи го посетуваат градот секоја година, и покрај тоа што локалните жители се жалат дека туризмот, вклучувајќи ги и бродовите за крстарење, е одговорен за зголемено загадување во градот, а Комитетот за светско наследство на УНЕСКО е загрижен за влијанието што го има врз многуте историски локации низ Венеција.

Дубровник, Хрватска

Делумно поради популарноста на “Game of Thrones”, Дубровник, а со тоа и Хрватска, забележа значителен пораст во туризмот во последниве години. Крајбрежниот град доживеа пораст од 10 отсто во туризмот во 2015 година поради “Game of Thrones”, според градоначалникот на Дубровник.

Сепак, градот не беше во можност да се справи со неодамнешниот прилив на туристи, сепак. Во август 2017 година, градоначалникот на Дубровник најави планови за намалување на максималниот број на туристи што се дозволени во градот дневно, односно од 8.000 до 4.000 туристи на ден во текот на следните две години.

Козумел, Мексико

Козумел е прекрасен остров опкружен со Карипско Море. Тоа е исто така втора најпопуларна дестинација за крстарење во светот.

Коралните гребени го опкружуваат островот, иако значителни количества корали биле уништени од бродови и нуркачи. Останатите гребени, исто така се оштетени од загадувањето од морскиот сообраќај.

Барселона, Шпанија

Локалните жители во Барселона не се срамат од презирот кон туристите. Претходно, протестот против туризмот во градот стана насилен кога демонстрантите нападнаа туристички автобус и хотел.

Популарните атракции дури ги промениле своите правила како резултат на туристичката активност. Големиот пазар Lа Boqueria во 2015 година ги забрани туристичките групи на не повеќе од 15 луѓе. Пред забраната, големите групи на туристи често ги блокираа пешачките патеки додека фотографираа, што доведе до незадоволство како кај продавачите така и кај редовните потрошувачи.

Мачу Пикчу, Перу

Градот на Инките – Мачу Пикчу секојдневно привлекува илјадници посетители, што е далеку повеќе од лимитот до 2500 посетители, утврден од Перу и УНЕСКО во 2011 година. Сепак, овој голем прилив на туристи ја става локацијата во опасност, предизвикувајќи непоправлива штета.

Плановите кои бараат од туристите да ангажираат водичи и да ги следат специфичните патеки се во тек и треба да се спроведат до 2019 година.

Санторини, Грција

Санторини е прекрасен остров во Грција, секогаш преполн со туристи во текот на летото. Всушност, поради големиот прилив на туристи во летниот период, островот им наметна ограничување на посетителите со бродови до 8.000 туристи дневно. Неверојатна бројка од 790.000 луѓе со 636 бродови го посетија Санторини во 2015 година, а целиот остров има само околу 15.000 жители.

Рим, Италија

Рим е прекрасен град полн со антички градби, но премногу туристи не ја почитуваат неговата историја. Најновиот пример за овој тип на туристи е туристот од Еквадор кога во август 2017 година беше откриен како го испишува и гравира своето име на Колосеумот. Тој се соочи со парична казна од 23.000 долари за вандализирање на двеилјадигодишниот амфитеатар во Рим.

Прага, Чешка

Позната по многу знаменитости и за туристите евтино чешко пиво, Прага е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа.

Гласните и откачени туристи излегле од контрола до степен што, локалните власти спроведоа т.н.„полициски час“ во 22:00 часот.

Пиг Бич, Бахами

Слатките свинчиња на Big Major Cay островот на Бахамите, умираат во голем број бидејќи туристите ги хранат на плажата, па така заедно со храна внесуваат и песок.

Несовесни туристи редовно ги хранат со пиво и рум, а некои се обидуваат и да ги јаваат, па сопствениците на свињи сега работат со властите за спроведување на прописи кон туристите и нивниот однос спрема свињите.

Амстердам, Холандија

Амстердам отсекогаш бил популарна дестинација за одмор за патниците што сакаат да патуваат, но според главниот директор за маркетинг на Амстердам, Frans van der Avert многу помали историски градови во Европа се уништуваат од посетителите.

Интернет страниците за изнајмување на апартмани, како што се “Airbnb”, имаат негативни ефекти врз градот. Како одговор на порастот на туризмот, градот стави ограничувања на Airbnb, така што листата за изнајмување не може да има повеќе од четири лица во исто време и не може се изнајмуваат станови на повеќе од 60 дена во годината.

Куба

Рекорден број од 3,5 милиони посетители минатата година доведоа до недостиг на храна за локалното население во Куба, кое исто така не е во можност да плати за основни производи и намирници поради екстремното покачување на цените во продавниците, рестораните и хотелите.

Кубанската влада оттогаш наметна ограничувања на цените за основни производи и намирници со што ги направи прифатливи за локалното население.