Зошто “Не низ Водно” – Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” ја продолжува борбата!
Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” организираше настан “НЕ НИЗ ВОДНО”, со што уште еднаш ја потврди својата одлучност и истрајност во борбата против изградбата на гасоводот низ парк-шумата Водно. Настанот беше одржан вчера (19 август, недела), со почеток во 10 часот и 30 минути.
Во продолжение, одговорот на Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно” на официјалниот став на Владата (изнесен на 29.7.2018) во врска со изградбата на гасоводот низ Водно.