ЗОО СКОПЈЕ СО НОВА КАМПАЊА – ,,ЗА ЗДРАВИ И СРЕЌНИ ЖИВОТНИ

Најновата кампања на ЗОО Скопје, насловена како ,,За здрави и среќни животни“  има за цел да ја подигне свеста кај посетителите за пристојно и културно однесување додека се наоѓаат во посета на животните.

Според директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски, тоа подразбира грижење најпрвин, за отпадоците коишто свесно или несвесно се фрлаат и претставуваат грда слика за самиот објект. Понатаму, загрижува  и фактот што голем дел од посетителите  им даваат храна на животните, кои се вдомени во овој дом, а истото е забрането. Се работи пред се, за давање на висококалорична храна и храна којашто несоодветсвува со храната што е погодна за исхрана на животните. Секое животно си има свое пропишано дневно мени на исхрана и нема никаква потреба од дополнителна храна, бидејќи истата може само да им наштети.

ЗОО Скопје се надева дека на кампањата ќе и се приклучат истакнати јавни личности коишто со своите активности ќе придонесат во едукација и предупредување на несовесните посетители.