Жешка точка! Аерозагадувањето и адресите за протест!

Состојбата со квалитетот на воздухот во Скопје и во Република Македонија, а особено високите концентрации на ПМ 10 честичките кои подолг временски период се со многу високи концентрации во воздухот, го имаат вклучено алармот кај граѓаните. Фактот дека во најголем дел нашите градови а особено Скопје во континуитет е во топ 5 најзагадени во светот, наметнува потреба од аларм за итно дејствување.
Од многуте истражувања и студии кои се направени од државните и стручни институции, може да се заклучи дека главните причинители за аерозагадувњето во нашата држава, треба да се бараат во загревањето на индивидуални домови и колективни згради со дрва и јаглен, но несмее да се исклучи исоцијалниот момент кај поголем дел од нашите сограѓани, кои се приморани за греење да се користат и други отпадни материјали како гуми, стар мебел, хартија, отпадни масла и др. Потоа сообраќајот е втората компонента која приднесува во зголемување на концентрациите на загадувачки материјали. Секако и индустријата е дел од овој мозаик на причинители на аерозагадувањето, од која секогаш се провлекуваат оние мали погони кои имаат одредени технолопки процеси и дополнително влијаат на зголемувањето на загадувањето на воздухот.
Мерки се носеле. Краткорочни, среднорочни, долгорочни, но состојбата не се менува.
Значи мора да се менува пристапот, мерките и динамиката на спроведување на предвидените мерки. Секако мора да има засилен инспекциски и полициски надзор и контрола 24/7 за следење на овие состојби. И за подршка е зголемување на бројката на лица кои ќе се вклучат во инспекциските служби на локално и државно ниво. Ако треба и посебни единици во рамките на МВР.
Граѓани против аерозагадувањето протестираа и пред повеќе локации, пред Владата, во паркот Жена борец спроти Собранието, пред Дрисла …Овие протести организирани се од граѓанската иницијативата Канцерогено општество. На вчерачниот протест пред Собранието на Република Македонија истакнаа дека, доколку не се свика итна седница на Владата и не се искористат сите расположливи средства за справување со проблемот со аерозагадувањето тие се подготвени да преземат и други радикални мерки.
Исто така средношколците најавија протести пред своите училишта за 5 февруари.
Но за напомена е дека жешката точка на Аерозагадувањето, не смее да добие погршна адреса и со барања кои не се еколошки!