Започна изградбата на зградата од осум ката кај Мајчин дом во Аеродром.

Во текот на минатата ноќ на парцелата кај Мајчин дом во Аеродром, каде е зелена површина, пристигнаа багерите и се започна со расчистување на теренот каде е предвидена градба на зграда на осум ката.
Аеродромци го потсетуваат градоначалникот Марин дека долго време ветуваше дека нема да дозволи градење, на како што тие велат бетонски „монструм“ на осум ката на овој простор.
Инаку само за потсетување, сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин, пред да дојде на оваа функција јавно бараше и ветуваше повлекување на ДУП-от со кој се предвидува изградбата на зградата на овој простор. Но состојбата на терен е сосем спротивна, тешка механизација пристигнува и се означува почеток на градба на она што градоначалникот на Аеродром жестоко го напаѓаше.
Градоначалникот Марин на 06.04.2017 година изјавуваше:
-Со овој ДУП, се предвидува уништување на зеленило, нова деветкатница на оваа зелена површина и нови згради покрај Вардар. Овие нови градби, ќе го сопрат струењето на воздухот и директно ќе придонесат кон загадувањето на воздухот.
Прашањето е, што сега? И каде се ПАРКОБРАНИТЕ?