Земјотресот  во Албанија, почувствуван и  кај нас!

Денеска, нешто по 17 часот и триесет  и осум минути, земјотрес со јачина од 5,3 степени  според европската макросеизмичка скала ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар североисточно од главниот град Тирана, на длабочина од околу десет километри под површината на земјата.

Поради својата јачина е почувствуван и во околните држави:  Македонија, Србија, Косово и Црна Гора.