ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ – СПАС ОД ДЕПРЕСИЈАТА

Ново истражување покажува дека симптомите на деспресија може да се намалат значително кај луѓето коишто имаат пристап до зелени површени. Истражувачите од Филаделфија слободните места во градот ги претвориле во зелени површини, а истото резултирало со намалени чувства на депресија кај возрасните луѓе. Најголемо влијание е забележано во населбите со ниски приходи.

Иако поранешни истражувања говорат за сличен ваков ефект на зелените површини, истово е посебно и иновативно, бидејќи превзема директна иницијатива врз проблематиката и не се темели само на набљудување.

Пред и после зазелување на слободните површини

Дури 541 случајно избрани слободни места во Филаделфија беа успешно трансформирани од страна на истражувачите при Универзитетот во Пенсилванија и Медицинскиот факултет во Пеелман, заедно со членовите на хортикултурното друштво во Пенсилванија.

Филаделфија беше поволно место за истражување на ефектот од зелените површини, поради големиот број на напуштени градби и места, често натрупани во отпадоци и ѓубре. Според Eugenia South, асистент професор и коавтор на студијата, ваквите области имаат тенденција да бидат лоцирани во посиромашните населби и истите се темелот на истражувањето. Истражувањето потврдува дека пониските социоекономски услови ја вознемируваат и нарушуваат состојбата на менталното здравје.

Истражувачите беа поделени во три групи: контролна група од места каде што ништо не беше променето, група којашто слободните места ги исчисти само од отпадоци и трета кадешто отпадоците  и постојаната вегетација целосно беа отстранети и заменети со нови дрвја и трева.

Во своето истражување тимовите користеле психолошка скала, прашувајќи ги луѓето како се чувстуваат, вклучувајќи ги и сетилата за немир, безвредност и безнадежност, како и мерење на бројот на срцевото отчукување (водечки показател за стресот кај жителите).  Покажано е дека зелените површини ја намалуваат срцевата стапка, предизвикувајќи чувство на исполнетост и сигурност.

Населбите со ниски примања покажале највисока стапка за намалување на симптомите на депресијата од дури 27.5 %.