ЗЕЛЕНИКОВО – ОПШТИНА БЕЗ ОТПАД
Глобалниот еколошки фонд во делот на програмата за мали грантови – ГЕФ ПМГ Македонија во соработка со, Здружението на граѓани ОРТ од Скопје го реализира проектот “ЛОКАЛНИ АЛАТКИ ЗА ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО ДА ПРЕРАСНЕ ВО ОПШТИНА БЕЗ ОТПАД, ПРЕКУ СЕЛЕКТИРАЊЕ, СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЕТ ПЛАСТИЧЕН ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВАТА”.
Манифестацијата која за цел има мотивирање на децата и возрасните, ќе се одржи во Централното основно училиште ,,Марко Цепенков” – Зелениково, на 11ти мај 2018 година, со почеток во 11 часот.

 На оваа манифестација ќе се доделуваат награди за:
– Најмногу собрана ПЕТ пластична амбалажа од учениците и домаќинствата,
– Најдобро изработена творба од пластика од децата,
– Најфункционално решение за алат изработен од реупотребена ПЕТ амбалажа од возрасните.
Изработените творби ќе бидат изложени и понудени на продажба.
На организациите ќе им се понуди да купат некое изработено дело, со што донираат корисен материјал за училиштето. Манифестацијата има музичка и театарска претстава, исполнета со многу обраќања од музичари, уметници, институции, организации и компании.