„Зеленa“ клупa како замена за 275 дрвја

0
398

Загадувањето на воздухот во големите европски градови нè загрозува сите нас, а глобалното затоплување и големиот број автомобили сè повеќе влијаат на квалитетот на животот. Како одговор на тоа, Лондон постави „зелени“ клупи кои служат како филтри, бидејќи ги апсорбираат штетните честички од воздухот.

Квалитетот на воздухот во Лондон е исклучително лош, а загадувањето во последно време ги надминува границите поставени од страна на ЕУ. Во обид за поефикасно да го решат проблемот со заерозагадувањето, британската влада одлучи да постави клупи „CityTree“ пред популарните кафулиња на Glasshouse Street.

Бидејќи е поврзанa со интернет, „зелената“ клупа прикажува податоци за квалитетот на воздухот, температурата, квалитетот на водата. Работи со помош на мов и други растенија кои го отстрануваат јаглерод диоксидот, прашината и штетни гасови од воздухот.

Клупата е произведена од германската компанија Green City Solutions, содржи соларни плочи кои обезбедуваат енергија, а самата клупа е направена од цврсти материјали отпорни на вандализам и уништување. Иако површината не е голема, според информациите на производителот, клупата има моќ за прочистување на воздухот како 275 дрвја и може да филтрира до 265 тони јаглерод диоксид и други честички годишно.

Освен во Лондон, вакви клупи претходно биле поставени во Хонгконг, Амстердам, Париз и Осло.

Од компанијата се надеваат дека клупата „CityTree“ ќе стане дел од повеќето поголеми градови во светот, како би го намалиле негативното влијание на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето.