Што добивате од пудлица и ши-тцу? Куче со човечки лик.
Станува збор за Јоги, кучето кое изминатите денови е во центарот на вниманието и збуни милиони интернет корисници.

Имено, Јоги е мешавина од пудлица и ши-тцу што наликува на човек. Колку повеќе го гледате, толку повеќе сте збунети.

Сопственикот на Јоги, Chantal Desjardins од Портсмут, вели дека е изненадена од тоа што Јоги го привлече вниманието ширум светот, бидејќи таа претходно не забележала сличности со луѓето.

„Уште во декември, објавив фотографии од Јоги на социјалните мрежи, а таа неодамна го освои целиот свет“, додава Chantal.

Сепак, постојат и оние кои се сомневаа во автентичноста на фотографиите на Јоги, тврдејќи дека се вешто преработени во фотошоп, но Chantal вели дека Јоги изгледа токму така како на фотографиите.