Почетна Новости Започна авионското прскањето против комарци во Скопје!

Започна авионското прскањето против комарци во Скопје!

0
24

Денес во раните утрински часови започна петтата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на Град Скопје.

Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови дозволуваат вршењето на авионската дезинсекцијата ќе се реализира и утре на 06.09.2019 (петок).

Во известувањето од Град Скопје се истакнува дека пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.