ЗАПРЕНИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ  НА ЗГРАДАТА КАЈ МАЈЧИН ДОМ

По разговор со инвеститорот, Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин на прес-конференција изјави дека издал решение за запирање на градбата на зградата кај Мајчин дом. Оваа забрана ќе важи 15 дена.

На прес конференцијата градоначалникот Марин изјави: „Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом“.

Во знак на револт, жителите од населбата Аеродром вчера протестираа и го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански, со цел да се прекинат градежните работи кои се одвивале на објектот кај „Мајчин дом“.

Жителите на Аеродром велат дека иако градоначалникот Златко Марин во предизборието им ветувал дека доколку биде избран ќе го стопира овој проект, тоа не се случило и продолжило уништувањето на зеленилото.