Во насока на подигнување на нивото со управувањето цо цврстиот отпад, а пред се воспоставување одржлива комуникација на сите вклучени во процесот на менаџирање со отпадот, Македонската асоцијација за управување со цврст отпад-МаSWA како членка на ISWA (Меѓународна асоцијација со цврст отпад организира меѓународна Конференција на тема: „Комуникација за управување со отпадот“.

Конференцијата ќе одржи на 12 -13 септември, 2019 година во Охрид.

Промоцијата на современи принципи за управување со отпадот кои се економски одржливи, како и развој на правна и институционална рамка која ќе го поддржи развојот на секторот за управување со отпад во Македонија, се едни од основните цели на Конференцијата.