Втора научна конференција за аерозагадување во Тетово

0
152

На 30 октомври 2017 година со почеток во 11:00 часот во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ќе се одржи Втора научна конференција за аерозагадувањето.

Конференцијата е дел од проектот “City Tree за заштита на климата”, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина – Еко-свест со финансиска поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

Овој настан е бесплатен и отворен за јавноста. Сите заинтересирани може да го потврдат своето присуство со регистрација на овој ЛИНК.

За повеќе детали во врска со овој настан може да се информирате тука.