ГОЛЕМА ВЕЛОТУРА И ВЕЛОПИКНИК НА СРЕДНО ВОДНО

Велотурата што денес 17.09.2017 година се возеше од објектот на ИЗИИС до Средно Водно и големиот велопикник што се одржа на паркингот на Средно Водно привлекоа голем број велосипедисти и рекреативци денот да го поминат во природа и во дружење. Оваа активност е дел од вториот ден на Европската недела на мобилност 2017, а сообраќајот на патот до Средно Водно беше затворен за моторните возила, освен за автобусите на ЈСП. Велотурата до Средно Водно ја предводеше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Велосипедистите учесници во велотурата денеска се собраа пред објектот на ИЗИИС, а потоа тргнаа кон Средно Водно. По пристигнувањето на паркингот во близина на жичницата, велосипедистите и рекреативците имаа можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на неформалните велосипедски групи, да го истражат Водно со велосипед или пеш по трим патеките и да уживааат во музичка програма, со диџеј.

Втор ден од Европската недела на мобилност 2017

Градот Скопје и годинава се вклучува во Европската недела на мобилноста 2017 и за граѓаните понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која е посветена и ќе биде интересна за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Втор ден од Европската недела на мобилност 2017

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2017 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Прв до Врв, Здружение на инженери за животна средина, Гоу грин, Еко свест и Милиеуконтакт Македонија Институт за обука Коцка, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Втор ден од Европската недела на мобилност 2017