ВРЕМЕТО ДЕНЕС, СОНЧЕВО И ТОПЛО!

УХМР на Македонија за денес прогнозира: Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад  ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи. УВ – индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. Скопје, од 18 до 34 степени.

Утре, променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ – индексот за утре ќе извесува 8. И во недела слично време, променливо облачно и малку посвежо, со повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ =7.