ВРЕМЕТО ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО И НЕСТАБИЛНО

УХМР на Република Македонија за денес најавува променливо и нестабилно  време во претпладневните часови, со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат и времето ќе се стабилизира. Ќе дува умерен североисточен ветер. УВ – индексот ќе изнесува 6.

За викендов не очекува сончево  време, со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за краткотраен дожд со појава на грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 – 21, а максималните од 26 – 35 степени Целзиусови. УВ – индексот ќе биде 8.