Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните на делови на државата ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд.
Температурата ќе биде во границите од 17 до 30 степени.
Во Скопје и околината се очекува слично време со дневна температура до 28 степени.