Храната што ја јадеме, воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и климата што ја прави нашата планета место каде може да живееме, доаѓаат од природата. Треба да се истакне дека, секоја година морските растенија произведуваат повеќе од половината од кислородот во нашата атмосфера, а големите дрва го чистат нашиот воздух така што секое дрво впива околу 22 килограми јаглерод диоксид, а во замена ослободуваат кислород. И покрај сите придобивки што ни ги дава нашата природа, ние сè уште ја злоупотребуваме.

За оваа 2020 година, 5 јуни – Светскиот ден на животната средина, домаќин е Колумбија. Од 1974 година, секоја година Светскиот ден на животната средина се одбележува преку ангажманот на владите, бизнис секторот, познати личности и граѓани со главна порака за насочување на своите напори кон решавање на проблемите во животната средина.

Оваа година темата на Светскиот ден на животната средина е биодиверзитетот –“Биодиверзитетот и нејзината поврзаност со луѓето”.

Неодамнешните настани, започнувајќи од пожарите во Бразил, САД и Австралија, до актуелната глобална пандемија на болести ја демонстрираат зависноста помеѓу луѓето и мрежите на животот, во кои тие постојат.

Биодиверзитетот е темел кој го поддржува целиот живот на копно и под вода. Тој влијае на секој аспект на здравјето на луѓето, обезбедувајќи чист воздух и вода, здрава храна, научно разбирање и извори на лекови, отпорност на природни болести и ублажување на климатските промени. Промената или отстранувањето на еден елемент на оваа мрежа ќе влијае на целиот животен систем и може да предизвика негативни последици.

Човечките активности, вклучително и уништувањето на шумите, навлегувањето во живеалиштата на дивите животни, интензивното земјоделство и забрзувањето на климатските промени, ја туркаат природата над нејзините граници. Takа ќе бидат потребни површини од “1,6 Планета Земја”, за да се исполнат барањата што луѓето ги имаат од природата секоја година. Ако продолжиме по овој пат, загубата на биодиверзитетот ќе има сериозни импликации врз човештвото, вклучително на падот на храната и здравствените системи.

Појавата на COVID-19 го подвлече фактот дека, кога ние ја уништуваме биолошката разновидност, го уништуваме и системот што го поддржува човечкиот живот. Денес, се проценува дека на глобално ниво има околу една милијарда случаи на болести и милиони смртни случаи кои се случуваат секоја година од болести предизвикани од коронавируси. Околу 75% од сите заразни  болести кај луѓето се зоолошки, што значи дека тие се пренесуваат на луѓето од страна на животните.

Природата ни ја испрати пораката.

Извор: https://www.un.org/en/observances/environment-day

https://www.worldenvironmentday.global/latest/schedule