ВОВЕДНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Денес, 17 октомври 2018 година ќе биде одржана воведна работилница на новиот проект за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот двогодишен извештај за климатски промени, кој се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации.

Работилницата ќе се одржи во Лоби барот на ТЦЦ Плаза Хотел, со почеток во 13ч.

Воведно обраќање ќе имаат државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и заменикот  на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Нарине Сахакјан.