“ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ” СО ГРАФИТИ ВО НАСОКА НА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА ЕКОЛОШКА СВЕСТ

Потпишан е меморандум за меѓусебна соработка помеѓу  ЈП “Комунална хигиена”-Скопје и Здружението за волонтеризам “Волонтерски центар Скопје”, во насока на спроведување заеднички активности, а  со цел – подигнување на јавната свеста за заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

Предвидени се активности за цртање графити со содржина што ќе ги информира граѓаните како со соодветното  постапување  со својот отпад  може да се влијае врз заштитата на  животната средина и здравјето на граѓаните.

Ќе се цртаат графити на територијата на општина Кисела Вода.

Од ЈП “Комунална хигиена”-Скопје изјавуваат дека се подготвени  и  отворени за соработка  со невладините организации и здруженија на граѓани и нудат  целосна поддршка за време на спроведувањето на теренските активности на „Волонтерски центар Скопје“, со цел заеднички да придонесат  во подигнувањето на јавната свест за важноста и значењето на правилното постапување со отпадот.