ВОДАТА ОД ИЗВОРИТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА НЕБЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ

Поставени осум табли со предупредување дека водата од изворите во Општина Кисела Вода е небезбедна за пиење

-Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје, дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода:

Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево. Воедно, информираат дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба.