ВОДАТА ОД ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ИСПРАВНА И БЕЗБЕДНА ЗА КАПЕЊЕ
Направени се испитувања на исправноста на водата од Дојранското Езеро, од страна на ЈЗУ “Центар за јавно здравје” – Велес.
За таа цел, земени се примероци од водата кај градската плажа, како и плажите кај хотелот “Полин” и “Грандико” во Стар Дојран. И во сите три случаи, резултатите покажуваат дека водата од езерото е во одлична состојба и како таква може да се користи за капење и рекреација на луѓето.
Според микробиолошката анализа водата е во одлична состојба, според матноста од трета класа, по заситеност со кислород од петта класа, а по сите останати хемиско-физички параметри од прва и втора класа.
Ова е второ испитување на исправноста на езерската вода со исти резултати и параметри кои укажуваат дека, истата е безбедна за користење и не се одразува штетно по здравјето на луѓето.