Со помош на сателитско набљудување на 188 езера ширум светот, научниците од Leibniz-Institute of Freshwater Ecology и Inland Fisheries открија дека затоплувањето на големите езера ја засилува нивната боја.

Езерата со зелена боја, поради високата застапеност на фитопланктон имаат тенденција во топлите периоди да ја засилат својата боја и да станат позелени, како што се зголемува количеството на фитопланктон.

Од друга стана пак, чистите сини езера со мало количество на фитопланктон добиваат појака сина боја во топлите периоди, како што се намалува количеството на фитопланктон.

Оттука, спротивно на првата претпоставка, затоплувањето на езерата придонесува за промена на количеството на фитопланктон.

Експертот за езера Benjamin Kraemer и неговиот тим преку пристап до сателитот на НАСА во периодот од 2002 до 2016 година се обидоа да ја утврдат врската помеѓу температурата и количеството на фитопланктон во 188 најголеми езера во светот.

Базирано на експериментите направени од други, научниците очекуваа дека затоплувањето ќе ја намали биомасата на фитопланктон во езерата. Спротивно на нивната претпоставка, сепак, топлите временски периоди имаат повеќе врска со повисока биомаса на фитопланктон во повеќе (68%) од езерата за кои направиле истражување.

Kraemer објаснува дека „затоплувањето може да го зголеми количеството на фитопланктон со продолжување на годишното време или со редуцирање на изобилството на животни кои се хранат со фитопланктон“.

Затоплувањето во езерата сиромашни со фитопланктон е поврзано со намалување на количеството на фитопланктон. Во езерата сиромашни со фитопланктон преку зајакнување на топлотната стратификација на езерото, затоплувањето на површината може да ги замени хранливите материи под површинскиот слој на езерото. „Ова ги прави хранливите материи недостапни за фитопланктонот со што се намалува неговото количество и ги прави езерата почисти во топлите периоди“ објаснува Kraemer.

Езерата богати со фитопланктон, стануваат уште побогати во топлите периоди, така што може да се намали внесот на хранливи материи за одржување на постоечкиот квалитет на водата во езерата, како што се затоплуваат.

Оттука, според резултатите од истражувањето, засилувањето на бојата на езерото може да служи како индикатор за зајакнување на напорите за спречување на влошување на состојбата на езерата, преку нивно затоплување.