Остатокот од тонерот во искористените касети за печатачи би можеле да имаат втор живот како градежни материјали за изградба на мостови, наместо како ѓубре во депониите кои може да ѝ наштетат на животната средина.

Од страна на научниот тим на Американската хемиска асоцијација (American Chemical Society ) откриен е метод за рециклирање на остатокот на прав во „празни“ касети во железо користејќи температури кои се компатибилни со постоечките индустриски процеси.

Според European Toner and Inkjet Remanufacturers Association, 500 милиони касети од околу 1,1 милијарди се продаваат секоја година и завршуваат на депониите ширум светот. Овие „празни“ касети можат да содржат до 8 проценти од неискористениот остаток од правот.

Во обид повторно да го искористат овој електронски отпад, научниците ја трансформирале оваа супстанца во гориво, па дури и како состојка на асфалт. Но, истражувачкиот тим сега е во потрага на изнаоѓање на сосема нов начин за повторно користење на преостанатиот тонер.

Процесот опфаќа загревање на правот од преостанатиот тонер на температура до 1.550 °C, такашто железниот оксид го претвора во производ кој е 98 проценти чисто железо.

Oд истражувачкиот тим велат дека овој метод би бил идеален за индустријата, бидејќи железото и челикот обично се добива на оваа температура, а загревањето на правот од тонерот на висока температура претставува еколошки начин за рециклирање на преостанатиот тонер.