Во сабота првиот снег на планините во Македонија

0
81

Времето во Македонија во наредните два денови ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност со максимална температура на воздухот до 27°C. Во вечерните часови во петок облачноста ќе се зголеми, а во северните делови ќе има локален дожд.

Во сабота ќе падне и првиот снег на планините во Македонија, информираат од УХМР. Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а интервалот на максималната температура на воздухот во сабота ќе се движи од 8°C до 16°C.