“Целокупниот фонд на белоглави орли од земјава во последен момент бил спасен, пред да започнат да се хранат со отруени кучиња на територијата на село Витолиште, Мариово, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД) за инцидент кој се случил изминатата седмица. Стравувале дека ако птиците стигнат до отруените животни може да се случи истребување на белоглавите мршојадци од Македонија кои, според нив, ги има 24 во земјава”.

За поздравување е акцијата за спасување на белоглавите мршојадци во Мариово преземена од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Оваа среќа ја немаа 8-те белоглавите мршојадци од Матка во 1994 година кога настрадаа од труење со строго забранетиот отров стрихнин кој бил подметнат за труење на т.н. “штетен дивеч” (волци). Тогашниот Републички завод за заштита на природните реткости присуството на отровот стрихнин го утврди со испитување на една единка од мршојадец во Ветеринарниот институт во Скопје, по што беше поведена судска постапка према непознат сторител но без успех да се пронајде виновникот.

Заради заштита на дивите птици од уништување општо на светскиот глобален план, уште во далечната 1950 година во Париз, заклучена е Меѓународната конвенција за заштита на птиците, која стапи на сила 13 години подоцна, односно во 1963 година. Во Македонија, заштитата на птиците е регулирана со Законот за ловот и со Законот за заштита на природата.

Извор: ФБ статус на Васил Анастасовски

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fvasilanastasovski%2Fposts%2F1245857359252330&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”648″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>