По последните мерења на состојбата со квалитетот на воздухот во Република Македонија, кои ги врши Министерството за животна средина и просторно планирање, Куманово важеше за најзагаден град во Македонија.

Денес, 26.09.2017 година нема податоци за Куманово, т.е. на официјалната страна на Министерството за животна средина http://air.moepp.gov.mk/ јавно стои дека нема податоци за CO, NO2, O3, PM25, PM10 и SO2.

Дали последните резултати добиени од мерењата на состојбата со квалитетот на воздухот во Куманово се причина, Министерството за животна средина и просторно планирање, да не ги објавува јавно податоците за состојбата со аерозагадувањето во Куманово?