Во четврток ќе се одржи предавање на тема „Колонизација на Марс“

0
50

Во четврток, во склоп на циклусот предавања  на популарни астрономски теми 2017, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, ќе се одржи предавање „Колонизација на Марс“.

Предавањата, кои се од популарен карактер, се во организација на Скопското астрономско друштво, а поддржани од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Циклусот предавања кој започна на 19.10.2017 година, досега опфати 3 предавања од различни области во астрономијата, а предвидени се уште 4 предавања секој четврток со почеток во 20:00 часот. Предавањата се така конципирани што за нивно следење не се потребни предзнаења.

За повеќе информации во врска со циклусот предавања може да се информирате тука.