Во четврток, авионско прскање против комарци во Кратово

Утре, 05.07.2018 година (четврток), во Кратово ќе биде спроведено првото авионско третирање против комарци во 2018 година.

Прскањето ќе се изврши во раните утрински часови, од 5.00 до 9.00 часот, а ќе биде опфатено течението на Кратовска река, од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.

Се известуваат пчеларите да ја спроведат неопходната заштита на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.