ВЛИЈАНИЕТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Денеска започнува еден од највозбудливите и најочекуваните настани на планетата – Светското првенство во фудбал. Најголемиот настан за најпопуларниот спорт е исполнет со многу еуфорија, возбуда и нестрпливо исчекување на победниците, а животната средина е последното нешто во мислите на луѓето. Во таа чест, Ви го претставуваме влијанието на Мундијалот врз животна средина низ годините.

Во текот на изминатите 15 години, значително е зголемена свеста за климатските промени и нивното влијание врз животната средина. Како директен резултат, голем број од спортските настани го сфаќаат значењето на промовирање на зелен етос и се трудат да ја пласираат и продадат својата еколошка одрживост. Ова, и не би требало да биде чудно, затоа што промовирањето на зелените вредности ја зголемува веројатноста за избор на потенцијална земја-домаќин.

Но, со потребата за изградба на повеќе стадиони, задачата за исполнување на зелениот етос и еколошката одживост на домаќинот станува тежок предизвик. Како најдобар пример се издвојува Германија и Светското првенство одржано во 2006 година.  Германија бележи значителен успех, нудејќи беслатен јавен превоз за навивачите, бесплатен паркинг за велосипеди, а голем број на стадиони користеа соларна енергија и собираа дождовница. Ова дополнително беше комбинирано со кратките дистанци за патување помеѓу натпреварите, што резултираше Мундијалот да биде прогласен како Прво Светско првенство неутрално на јаглеродот.

На жалост, ова и не е баш примерот кои го следеа наредните домаќини. Четири години подоцна, Јужна Африка бележи осум пати поголема емисија на јаглеродот од претходното Светско првенство.

Во Бразил, 2014 година, ФИФА инвестира во соларни панели, зачувување на водата, намалување на отпад, како и други спроведени иницијативи околу 12-те стадиони користени во првенството. Сепак, критичарите сугерираа дека не е забележан поголем напор за справување на остатокот од земјата за време на првенството “Копа Верде”.

Светското првенство во 2018 година, кое се одржува во Русија, е првиот Светски куп кој беше предмет на новите барања за зелена сертификација врз стадионите на ФИФА. Според ова 12-те стадиони користат помалку енергија и вода, а се изградени со намалено влијание врз животната средина. Во истовреме е повикана шемата од ФИФА за ублажување и намалување на количеството од јаглеродот и покажано е дека само седум процентно намалување на емисијата, може да произведе фасцинанти резултати.

Во врска со иднината, наредниот домаќин – Катар во 2022 година, ветува дека ќе организира првенство неутрално на јаглеродот. Официјалните претставници ги претставија своите планови за намалување на потрошувачката на електрична енергија и вода, заедно со севкупните емисии на јаглерод. Сепак, веќе е доведена во прашање јаглерод-неутралноста на нивните стадиони.