Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.

Од утре и за време на викендот ќе дува претежно јужен ветер и ќе се зголемуваат условите за појава на утринска магла по одделни котлини.

Во сабота минималната температура на воздухот ќе се движи во интервал од -9ºC до -1ºC, a максималната од 5ºC до 13ºC.

Во недела нè очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер со минимална температура на воздухот во интервал од -5ºC до 2ºC и максимална температура на воздухот во интервал од 6ºC до 13ºC.