Во организација на Граѓанската иницијатива “Го сакам Водно”, како и МТВ Oxigen, I Love Hiking и O2 Kоалиција на 12. 05. 2018 год. (сабота) ќе се одржи настанот – Искачување на врвот на Водно.

Настанот е замислен како едно потсетување за огромното значење на Водно за Градот Скопје, негово приближување до граѓаните, нашата заедничка грижа и сплотување на сите нас во заедничкото промовирање на неговите убавини.

Настанот започнува во 9 часот од ОУ Кочо Рацин, како собирна точка и за граѓаните кои ќе се движат по пешачките патеки и за велосипедистите. Втора собирна точка е на Средно Водно во 10 часот, за да се најдеме сите на врвот во 12 часот, каде ќе има музика и опуштање во Планинарскиот дом.

Како совесни граѓани, попатно може да се вклучиме во акцијата собирање на отпад и да се потпишеме во книгата  со свои пораки за Водно.

Ве покануваме што помасовно да се приклучиме на настанот и да покажеме колкаво е значењето на Водно за нашиот град, а воедно со тоа и за нашето здравје.