Почетна Новости (ВИДЕО) Снег во Сахара, Сонце во Европа

(ВИДЕО) Снег во Сахара, Сонце во Европа

0
191

Снег падна неделавa во регионот на алжирскиот град Аин Сефра, кој се наоѓа во пустината Сахара, објавија локалните весници.

Снежните врнежи почнаа во раните утрински часови и брзо ги покриja песочните дини. Снежната покривка достигна до 40 cm и почна да се топи околу 17 часот. Снегот во пустината падна по четврт пат во последните 37 години.

Снег врне и во Саудиска Арабија и во Сирија.

Во исто време, делови од САД се наоѓаат под силна снежна бура, температурите се симнаа „пониски од оние на Марс“ јавуваат американски медиуми.

На Јужната полутопка, во Австралија, рекордни 47 степени се регистрирани во Сиднеј.

Додека температурите во Европа се невообичаени за овој период од годината со максимални 16ºC во Рим, Сахара ја покри снежна покривка од 40 cm.