Секојдневно произведуваме многу отпад, а едно семејство во просек произведува и до 2 килограми отпад на ден. Сето тоа ѓубре може да заземе многу простор, но тука е направата Homе Biogas 2.0 која го решава овој проблем.

Како функционира HomeBiogas 2.0?

HomeBiogas 2.0 е еко направа која го намалува, повторно го употребува и рециклира отпадот од домаќинството, такашто ги претвора остатоците од храна во биогас за готвење во домаќинството. Оваа направа собира до шест литри отпад дневно, а може да преработува секакви остатоци од отпад како: овошје, зеленчук, месо и млечни производи. Бактериите го разградуваат и разложуваат отпадот и го претвораат во биогас, кој пак доаѓа од системот директно до шпоретот во кујната. Според HomeBiogas, од отпадот за еден ден, може да се произведува биогас за тричасовно непрекинато готвење во кујната.

HomeBiogas, исто така, создава ѓубриво што се враќа назад во почвата. Креаторите на HomeBiogas велат дека едно просечно семејство произведува два литри отпад дневно, а апаратот во дворот го прави тој отпад корисен. Достапна е на Kickstarter за 485 долари.