Кога зборуваме за лавот, обично на ум ни паѓаат неколку стереотипи. Познат како „крал на животните“, лавот се смета за жестоко, гордо и агресивно животно. Но, лавот Bonedigger од G.W. Exotic Animal Park – парк за животни во Wynnewood, Оклахома, ги крши тие стереотипи.

Засолништето за диви животни е дом на над 1.400 животни, a целта е да им се помогне на луѓето да научат и да ја чувствуваат врската што овие неверојатни суштества ја делат секој ден, такашто посетителите ќе може да комуницираат со егзотичните животни.

Додека другите големи мачки можат да го имаат малото кутре од расата Јазавичар како потенцијална закуска, за лавот Bonedigger, кутрето Abby е најдобар пријател.

„Не можам да кажам дека сум видел нешто слично на оваа врска и големо пријателство. Тие секогаш се сакаат“, вели John Reikene, менаџер на паркот.

Додека Bonedigger одлично комуницира со сите четири јазавичари кои живеат во паркот, врската помеѓу него и Abby е посебна. Двајцата најдобри пријатели од детството се запознале уште кога биле на возраст од околу шест до девет недели, а тоа било љубов на прв поглед и од тогаш тие се неразделни.

Спротивно на она што го очекувате меѓу лав и куче, Bonedigger и Ebby имаат своја уникатна динамична врска. Заедно играат и се сакаат, а Ebby не се плаши од својот најдобар и физички многу поголем пријател.

Ова невообичаено пријателство помеѓу лав и кутре е само уште еден доказ дека животните сакаат и надворешниот изглед во едно пријателство не е важен, па затоа и не треба да судиме по него.