Пиварата SaltWater во Јужна Флорида е првата пиварa која го тестира биоразградливото пакување од лименки.

Стартапот E6PR дизајнираше eкo пакување од шест лименки направени од пченица и јачмен, што може да се компостира, а тоа значи дека не е штетно за животинскиот свет во случај на проголтување.

Доколку концептот биде широко усвоен, овој производ би можел да резултира со значително намалување, како на загадувањето со пластика, така и на усмртувањето на животинскиот свет во морињата и океаните.

Првично, концептот на Е6PR бил претставен во 2016 година, а сегашниот финален биоразградлив производ претставува голем предизвик за компанијата.

Бидејќи сегашниот модел е направен од пченица и јачмен, тоа значи дека технички може да се дигестира, а следната линија, како што велат од компанијата, ќе биде направена со подготовка на отпадни нуспроизводи во производствен погон кој наскоро треба да биде отворен во Мексико.

Од E6PR се надеваат дека нивниот еко биоразградлив производ ќе биде широко прифатен од производителите на други пијалоци, како минерална вода, а сѐ со цел намалување на загадувањето на морињата и океаните со пластика, што во просек изнесува околу 8 милиони тони годишно.