ВИДЕО: „Дивјачки лов на китови, кои умираат бавно и болно“

0
103

Австралија објавила вознемирувачки снимки од илегален јапонски лов на китови во подрачјето на Антарктикот по петгодишната правна битка со активистите.

Бродот на австралиските цариници снимил илегален јапонски лов во 2008. година, но тоа Канбера одбила да го објави “бидејќи би ги нарушило односите со Токио”, пишува Fox News.

Австралиската влада конечно била принудена да ги објави шокантните снимки по долгогодишната борба за правото на информирање со организацијата “Sea Shepherd”.

Видеото снимено на 31. јануари 2008. година прикажува јапонски рибари како со харпуни убиваат китови во Јужниот океан, а потоа ги влечат на бродови додека се уште живи.

Директорот на организацијата “Sea Shepherd” во Австралија, Џеф Хенсен, нагласил дека станува збор за “дивјачки лов на китови, кои умираат бавно и болно”.

Јапонија во 1986. година потпишал мораториум со Меѓународната комисија за ловење на китови, но користи дупка во законот која дозволува убивање на животни за научни истражувања.

Објавената снимка била дел од доказите собрани за Меѓународниот суд, кој јапонскиот лов на китови го прогласил за илегален.