После две години развој, шведските иноватори од 300 рециклирани парчиња Неспресо направија нов “RE: CYCLE” стилски урбан велосипед. Овој велосипед е направен 300 отфрлени парчиња Неспресо и подготвен да се вози по светските улици. Оваа идеа е развиена од шведскиот start-up Vélosophy, во соработка со Nespresso, а моделот е во ограничено издание и може да се набави за 1.290 евра (1.446 долари). Со овој чекор се покажуваат креативните можности за искористување на веќе употребените и исфрлени милијарди парчиња кафе капсули кои со еднократна употреба, а се отфрлаат низ целиот свет секоја година.

RE: CYCLE е последниот обид на Неспресо да ја изрази својата посветеност за поттикнување на кружната економија. Компанијата која е во сопственост на „Нестле“ користи алуминиум во своите капсули, материјал што може да се стопи и да се искористува бесконечно. Употребата на овие материјали има и за цел да ги охрабри клиентите да ги рециклираат нивните парчиња Nespresso, кои претходно биле употребувани како други производи како, ножеви на швајцарската армија, фенси пенкала и нови капсули за кафе. Овие активности кои доаѓаат во време на зголемена критика кон производите со една употреба, допрва треба да бидат целосно прифатени од клиентите.

Jimmy Östholm е мозокот на оваа активност и од поранешен менаџер за комуникации на ИКЕА, денес е преорентиран во претприемач со велосипеди. Заинтригиран од кампањите за рециклирање на Неспресо, Östholm се запрашал за можноста да се добие дел од рециклираниот алуминиум. Најголемиот технички предизвик, вели Östholm, е да се најде начин да се претвори лесниот алуминиум во материјал доволно цврст, за да се исполнат стандардите за безбедност на производство на велосипеди. „Не беше како наука за ракетите, само што требаше малку време “, објаснува тој.

Велосипедот има неколку детали за дизајнот што укажуваат на неговото потекло. Слика од слива на рамката е препознатлива на пакувањето на популарната варијанта на Непрепресо Арпегио, ѕвончето е во форма на подот за кафе, а корпата за превоз има две ленти за обезбедување на чаши за кафе.

Östholm се надева дека другите дизајнери на производи може да бидат инспирирани и да работат со рециклиран алуминиум за да ја надоместат постојаната побарувачка за капсули со еднократна употреба. Една неодамнешна студија, нарачана од UK coffee start-up Halo, проценува дека 56 милијарди капсули за еднократна употреба кафе произведени од различни производители, секоја година ќе завршат во депонии.

Меѓу другото Östholm истакнува дека: „На различни производи им се потребни различни алуминиумски композиции … но само погледнете ја можноста за рециклирање“, вели тој. „Секој дел од алуминиум што постои може повторно да се рециклира во нови производи. Мислам дека тоа е вистинската порака“.