Пред општинската зграда во Велес, од страна на ЕД “Вила Зора” во соработка со Општина Велес, како и пред неколку маркети, банки и училишта, поставени се корпи за одлагање на маски и ракавици употребувани како заштита од ковид-19.

Еднократните маски и ракавици претставуваат сериозна закана по здравјето на граѓаните доколку не се одлагаат соодветно. Честопати сме сведоци за расфрлените маски и ракавици на улиците и на зелените површини. Искористените маски и ракавици се потенцијално заразни, знаејќи го фактот дека има многу голем број асимптоматски случаи.

Целта на проектот е да се придонесе во борбата против ширењето на коронавирусот преку соодветно одлагање на т.н. КОВИД – 19 отпад и ублажувањето на последиците од пандемијата врз граѓаните.

Извор: http://vilazora.org.mk