Акцијата за час на планетата Земја е најголемата светска волонтерска акција која има за цел да испрати силна порака за спас на планетата Земја.Започната е од WWF и партнерите како симболичен настан со исклучување на осветлувањето во Сиднеј во 2007 година. Часот на планетата Земја сега е едно од најголемите движења во светот за животната средина и се одржувана секоја година во последната сабота во месец март. Оваа акција обединува милиони луѓе во повеќе од 180 земји и територии, кои исклучувајќи ги нивните светла сакаат да ја покажат својата поддршка за нашата планета.

Часот на планетата Земја ги охрабрува луѓето да се вклучат во глобална иницијатива и заедно да ја употребат својата моќ со која можат да направат промени и да ја спасат планетата Земја.

Часот на планетата Земја е акција за секого кој сака да помогне во испраќање на пораката за спас на планетата Земја.

Затоа вечер во 20.30 часот да се приклучиме. Гаси светло!

Повеќе за Акцијата на: https://earthhour.mk/