Вчера 24-ти септември во 24 европски земји, меѓу кои и Македонија се одбележа Ден на зелениот појас.

Во главниот град на Македонија во Скопје, вчера со почеток во 12 часот во кафулето „Центарал Парк“ до езерцето во градскиот парк се одржа Изложба на зелениот појас, во организација на Македонско еколошко друштво (МЕД), а во соработка со Институтот за биологија при ПМФ, Македонско биолошко друштво, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Првиот скопски извиднички одред од Скопје  и со поддршка на Фондацијата Еуронатур.

Покрај изложбата, програмата вклучи и интерактивни игри за деца со едукативна содржина во делот на животна средина, на повеќе локации околу езерцето.

Република Македонија, втора година по ред ја одбележува оваа иницијатива со активности за подигнување на еколошката свест на граѓаните.