ВАРДАРИШТЕ ГОРИ!

Во Скопје “Еколошки” одбележан 22 април – Светскиот ден на Планетата Земја

Токму на 22 Април кога се бележи Светскиот ден на Планетата Земја, во Скопје, поточно на локацијата на поранешната депонија Вардариште на соодветен начин се одбележа овој ден. “Еколошки” во пламен гори дива депонија на оваа локациија.

Пожарот што вчера доцна попладне изби во Вардариште кај населбата Ново Лисиче го гасеа пожарникари со три противпожарни возила, а од Противпожарната бригада за МИА изјавија дека отпадот кој гори на Вардариште, најверојатно е подметнат од несовесни граѓани. Се работи за голема површина која горела од околу 1 километар квадратен, а горел кабаст отпад.
По повеќе часовно гаснење пожарот е изгаснаст, а грдата слика останува.

Во последниве два месеци на оваа локација како дива депонија и кај дивата депонијата кај Борис Трајковски се интервенирало најмалку пет пати.