Мобилната апликација креирана од Марио Томов во рамките на проектот „Селектирај отпад“, претеставува одличен пример на активно вклучување на граѓаните во процесот на примарната селекција на отпадот. Имено голем број на домаќинства од Општина Валандово се пријавиле за учество во овој проект за селекција на отпад и подигнале кеси со бар кодови од ЈП „Комунален сервис“. Во кесите ќе складираат пластика и хартија, а преку мобилна апликација ќе можат да известуваат кога кесите ќе се полни. Оние домаќинствата кои ќе достават најмногу селектиран отпад ќе добијат и парични награди.

Марио Томов за проектот истакнува дека „Целта на мобилната апликација и самиот проект е зачувување на животната средина, но и заработка од отпадот кој може да се искористи како секундарна суровина. Со рециклирањето на отпадот решаваме повеќе општествени проблеми. Целта ни е и да ја подигнеме и јавната свест“.

За само десетина дена од започнување на проектот собрани се над педесетина вреќи на селектиран отпад.