6 C
Скопје
понеделник, јануари 25, 2021
Почетна Новости Европа Утрово почувствуван е земјотрес низ Македонија

Утрово почувствуван е земјотрес низ Македонија

137
0

Силен земјотрес со јачина од 5.3 степени по Рихтер во 11:46 часот ја стресе Црна Гора.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија.

Црногорските медиуми јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Плав, на планината Виситор на длабочина од 10 километри.

Силниот земјотрес предизвикал паника кај жителите од околните градови кои излегле на улиците.

Според коментарите на социјалните мрежи, во Македонија земјотресот бил почувствуван во Скопје, Тетово, Охрид, Прилеп…

Изминативе денови серија земјотреси го тресеа југоисточниот дел на Македонија, кои посебно беа почувствувани во Гевгелија и Дојран.